Трговијата меѓу Бугарија и Турција ги надмина нивоата од пред пандемијата со Ковид-19

Од:

Бугарскиот министер за иновации и раст, Даниел Лорер, денеска имаше средба со турскиот министер за трговија, Мехмет Муш, за проширување на билатералната трговија и зголемување на инвестициите меѓу двете земји, соопшти прес-центарот на бугарското Министерство.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, трговската размена меѓу Бугарија и Турција е во нагорен тренд, веќе надминувајќи го периодот од пред пандемијата во 2019 година. Трговијата меѓу двете земји за 2021 година изнесуваше 5,2 милијарди евра, што е зголемување од над 30 отсто во однос на 2020 година. Од нив, бугарскиот извоз изнесува 2,1 милијарди евра, што е зголемување од 18,7 отсто.

Инвестициите на турските компании во Бугарија достигнуваат околу 2,5 милијарди евра во различни сектори, како трговијата со стакло и порцелан, прехранбената индустрија, хемиската и текстилната индустрија.

Двајцата министри зборуваа за потенцијалот за соработка во производството на енергија и за можностите за соработка во зелените инвестиции и транзицијата кон обновливи извори на енергија.

Се разговараше и за можностите за потпишување нов Договор за поттикнување и заштита на инвестициите меѓу Бугарија и Турција, како и за зајакнување на соработката во областа на транспортната и енергетската инфраструктура, градежништвото, производството на делови и компоненти за автомобилската индустрија.

Лаурер и Муш го коментираа и растот на светските цени на челикот и цементот, како и можностите за соработка за обезбедување на потребните количини за бугарското производство.

Министерот Муш беше примен и од бугарскиот вицепремиер и министер за финансии Асен Василев, со кого, покрај трговските односи меѓу Софија и Анкара, разговараше и за транспортните проекти меѓу двете соседни земји.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Фрлена црвена боја, запалена вратата од зградата на ЕУ во Софија: Демонстрантите создаваат хаос поради воведувањето на еврото

Земјотрес ја погоди Бугарија

Горан Наумовски

Рокас: Соработката меѓу Македонија и Бугарија сега е повеќе важна е кога и да било

Возач во Бугарија возел со 3,04 промили алкохол во крвта, казнет е со 18 месеци затвор

А1он

Автобуска несреќа во Турција, повредени се повеќе од 30 луѓе

Девојка со нож избоде тројца мажи во Софија, еден од ранетите се бори за живот