Тргнала по социјална помош и дознала дека има 16 милиони евра

Од:

Старица од Словенија, дури откако тргнала да бара социјална помош, дознала дека на банкарската сметка има 16 милиони евра, за кои тврди дека незнаела дека постојат, јавуваат словенечките медиуми.

Нејзиниот идентитет не се открива, но откако во Словенија почнаа да важат новите правила за добивање социјална помош, според кои во предвид не се земаат само приходите, туку и сметките во банка заедно со недвижниот имот, државата почна да прави дополнителни проверки на лицата кои аплицирале за помош.

Освен старицата, во Словенија се откриени и други случаи каде лица со илјадници евра на своите сметки, аплицирале и добивале социјална помош.

Во оние случаи каде што е откриена злоупотреба социјалната помош се укинува.

Би можело да ве интересира

Најниска стапка на наталитет во Словенија од самостојноста во 1991 година

Словенија бара на Израел да му се забрани учество на Евросонг

Се урна мал авион во Словенија, најмалку тројца загинати

Горан Наумовски

Стигна студениот бран во Словенија и Хрватска, падна и снег

ВИДЕО: Силно невреме ја парализираше Словенија

Лизгање на земјиште затрупа неколку куќи во Словенија

Горан Наумовски