Третина Грци мислат дека некој ги прска со отров

Од:

Еден од тројца Грци веруваат дека авиони од голема височина ги прскаат со хемиски или биолошки агенси, покажа најновата анкета што ја објави весникот „Етнос“. Анкетата ја спроведе компанијата „Метрон Анализи“ и таа покажа дека 33,3 проценти од Грците веруваат во теоријата на заговор наречена хемиски млаз.

Ова прашање беше една од омилените теми на партијата Независни Грци, по што грчката авијација минатата година беше принудена да издаде соопштение дека такви прскања не се спроведуваат. Сепак, анкетата покажува дека само 6,1 поценти од испитаниците кои веруваат во хемиски млаз се поддржувачи на десничарската партија преводена од Панос Каменос.

Вкупно 19,2 отсто ја поддржуваат Сириза, 15,3 Златна зора и 10,6 проценти се за Нова демократија. Прашањата за трагите што ги оставаат авионите на небото почнаа да се поставуваат уште во 90-те години од минатиот век, главно во Америка. Властите досега одговорија на повеќе теории истакнувајќи дека трагите од пареа се само кондензација која осанува зад авионите.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит