Третата емисија на десетгодишни обврзници на Кипар му донесе милијарда евра

Од:

Република Кипар собра една милијарда евра од меѓународните пазари со својата трета емисија на долгорочни државни обврзници, информира кипарскиот министер за финансии, цитиран од американските медиуми. 

Харис Георгиадис изјави дека обврзниците се со камата од 4,25 отсто, што, според него, е најниската камата за 10-годишни обврзници.

Кипар ги издаде овие обврзници откако меѓународната рејтинг агенција Фич (Fitch) на крајот на минатата недела го зголеми долгорочниот рејтинг на земјата со позитивна прогноза, оценувајќи дека Кипар добро се справил со финансиската консолидација и реализиацијата на буџетските цели.

Би можело да ве интересира

Познат првиот натпреварувач на Евровизија идната година : Тео Еван ќе го претставува Кипар во Базел

Предраг Петровиќ

Кипар испраќа два авиона за справување со пожарите во Свети Николе и Чашка

Ердоган: Турција е подготвена да изгради воена база на Кипар, доколку е потребно

Ердоган: За Кипар не е можно федерално решение

Претседателот на Кипар: Нема друга опција освен обединување на островот

Инфлуенсер меѓу фаворитите за изборите за ЕУ ​​во Кипар: Никогаш не сум гласал, не знам ништо за ЕУ