Христос Папас, вториот по ранг во грчката крајно десничарска партија „Златна зора“ се јави пред истражен судија и беше обвинет за создавање и раководење криминална организација и ставен во притвор, соопштија судски извори.
Христос Папас е последниот од шестемина пратеници од „Златна зора“, приведени за време на викендот и исправени пред судија.
Тој е третиот кој доби мерка притвор, исто како и лидерот на партијата Никос Михалолиакос, во очекување на веројатен судски процес.
Тројца други пратеници се ослободени под услов да не ја напуштаат земјата.