Треба ли да се менува Уставот поради ЕУ?

Од:

Данас – Белград

Иако за тоа се шпекулираше веќе подолго време, во последните неколку недели, една по друга беа објавувани вести за неопходна промена на Уставот поради идно членство во Европската унија.

Најавените промени на Уставот се нова можност за дополнителна поларизација на граѓаните, посебно што во јавноста се стекна впечаток дека на промената на Уставот сме принудени, конечно да го предадеме Косово.

Таа реторика не ја користат само политичарите на радикалната десница, туку и на социјалните мрежи може да се најдат многу слични коментари, главно од евроскептиците, со додаток дека земјите од омразениот Запад не ги менувале своите Устави поради членството во Унијата и дека уставот е светост во која не се чепка, посебно не по налог на други.

Често се слуша дека сериозните земји не ги менуваат своите устави често, бидејќи тоа би ја загрозило стабилноста на државите. Меѓутоа, фактите се сосема поинакви.

Стабилноста на еден уставен поредок не ге гледа само во фактот на отсуство или ретки уставни промени. Во спротивно, тоа би значело на пример Германија чиј Основен закон т.е. Устав е менуван 54 пати од неговото донесување до денес, не може да се смета за стабилна демократска земја. Исто би важело и за Франција, имајќи предвид дека важечкиот Устав до сега е менуван 24 пати. Двата устави, претрпеа некои најзначајни измени токму поради членството на Германија и Франција во ЕУ, како што е тоа случај и со уставите на другите држави членки. А зошто?

Основната идеја на која се темелат националните устави е суверената власт на граѓаните која не може да биде условена од надворешни власти, посупериорни во однос на нив. Таа суверена власт граѓаните ја вршат најчесто преку своите избрани или именувани претставници во националните институции.

Меѓутоа, јакнењето на проектот за „Се посилна Европска унија“, бара редефинирање на идејата за сувереност, бидејќи членството во Унијата подразбира пренесување на значајни суверени овластувања од националните институции на власта на институциите на Унијата.

Во почетокот, членството во порано постоечките Европски заедници не бараше поголеми уставни промени бидејќи основата за пренесување на некои надлежности од државите на Заедницата веќе се наоѓаше во уставните клаузули за пренос на надлежностите на меѓународната организација или таквите клаузули беа воведени во уставите по приклучувањето, како што е случај со земјите на Бенелукс.

Меѓутоа, работите драматично се менуваат по одлуката на Европскиот суд за правда за приматот на правата на ЕУ над националното право, па и над националните устави, а посебно по создавањето на Европската унија во 1993 година, кога со Договорот од Мастрихт се промовираа не само економските туку и политичките интеграции. Тогашните Заедници добија значајни парадржавни извршни и законодавни надлежности, кои произведоа директни последици за граѓаните кои живеат во Унијата.

Потоа, старите држави членки пристапуваат кон измени на своите устави, иако не на ист начин и не во ист обем. Во уставите на Германија, Франција, Австрија, Шведска, Португалија, Ирска и Грција, внесена е исклучителна одредба за пренос на одредени овластувања на ЕУ.

Во уставите на Финска, Италија, Белгија и Шпанија, во кои членството во ЕУ начелно ги поврзува за членството во меѓународната организација, со посебни амандмани се прецизирани специфични аспекти за членството во ЕУ.

За разлика од овие држави, Данска, Луксембург и Холандија легитимитетот за членството во ЕУ и понатаму го црпат од општа уставна клаузула за членство во меѓународни организации.

Освен преносот на делумно суверени овластувања, уставите на старите држави членки често беа менувани за внесување на амандмани кои се однесуваат на специфични аспекти за членство во Унијата. Примери има многу за еден текст во весник, па ќе наведам само некои. На пример, уставите на Германија, Финска, Белгија и Австрија содржат одредби според кои се овозможува информирање на националните парламенти за текот на законодавната постапка во ЕУ.

По усвојувањето на најновиот основен документ на ЕУ, Договорот од Лисабон, некои од овие устави беа менувани за да овозможат учество на националните парламенти во законодавната постапка на Унијата. Германскиот, францускиот, белгискиот, австрискиот и шпанскиот устав се дополнети со амандмани за изборните права на граѓаните на ЕУ.

Некои устави, како германскиот, францускиот и грчкиот, беа менувани поради усогласување со економската и монетарната политика на ЕУ. Финскиот, италијанскиот, белгискиот и австрискиот устав содржат исклучителна забрана за вршење на паралелни функции во институциите на ЕУ и националните институции, додека Уставот на Белгија донесен во 1831 година, беше менуван поради донесување на закон кој предвидува изборите за Парламентот да се одржуваат во ист ден со изборите за Европскиот парламент. До поголем бран уставни промени дојде и по воведувањето на Европскиот налог за апсење.

Соодветни измени со кои се овозможува пренос на суверени овластувања и го рефлектира членството во ЕУ, се вградени и во уставите на новите држави-членки, но тие со оглед на претходното постоење на авторитарниот режим т.е. комунистичкиот, прво мораа својата определба за демократија да ја манифестираат во уставите и во нив, согласно со т.н. политички критериуми од Копенхаген, да вградат механизми со кои се воспоставуваат стабилни институции кои гарантираат демократија, владеење на правото, почитување и заштита на човековите права и правата на малцинствата.

Во тој правец одат и неодамна најавените уставни промени кај нас (или промени на политичкиот систем, како што ги нарекуваат некои претставници на владејачката коалиција). Ако суштински би се придржувале на членството во ЕУ, на ред ќе дојдат и наведените уставни измени преземени во старите држави членки.

Едно е сигурно, членството во ЕУ неизбежно произведува последици на уставниот поредок на државите членки или државите кои претендираат тоа да станат. Со секој бран на промени во ЕУ доаѓа и до промена на националните устави.

Што се однесува до Србија, кандидатурата е добра можност конечно да ја уредиме државата на начин кој ќе ни обезбеди неинтересен и здодевен живот, за ова општество што поскоро да се вклучи во економските, образовните, техничките, медицинските и културните предизвици во светот во кој живееме.

Тоа меѓутоа, не значи дека во Уставот нема место за Косово и Метохија, иако со тоа не се гарантира, како што веќе се покажа, територијалниот интегритет на Република Србија.

Би можело да ве интересира

Ќе биде сместен во стаклена, затемнета “кутија“, вака ќе изгледа сведочењето на момчето убиец

Со предавање за Европската конвенција за човекови права започна Школата за јавни политики „Мајка Тереза“

(ВИДЕО) Тешка сообраќајна несреќа во Србија: загина тинејџер, 36 повредени

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Владата никогаш нема да отстапи од членството во ЕУ, но без дополнителни понижувања и отстапки

Предраг Петровиќ

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска