Корупцијата на Кипар „цвета“ насекаде од партии и банки до црквата, здравството и образованието, наведува „Транспаренси интернешнл“ повикувајќи се на резултатите од анкетата.
На прашањето какви размери има корупцијата, анкетираните изјавиле дека таа е голем проблем на Кипар и за таквата појава пред се ги обвинуваат политичарите, а потоа и самите граѓани.
Испитаниците изјавиле дека корупцијата е најраспространета во државниот сектор, потоа во градежниот сектор и во банките.
Граѓаните изјавиле дека за корупцијата виновни се и полицијата, судскиот систем, како и институциите на Европската унија.