Грчката тромава јавна администрација и бирократија се пример за корупција и вишок вработени, соопшти грчкиот огранок на „Транспаренси Интернешнл“.
Според организацијата, мерките што ги преземаат грчките влади се или контрадикторни или само го начнуваат проблемот, јави дописникот на МИА од Атина.
Корупцијата даночните обврзници ги чини 14 милијарди евра годишно, бирократијата е комунистичка, и за 30 години во Парламентот се поднесени 3.430 закони, се вели во извештајот на „Транспаренси Интернешнел“.