Словенија е во шок. Четири лица загинаа и 28 се повредени, денеска во Словенија откако балон придвижуван со топол воздух се запали и потоа се урна.
Меѓу повредените има шест деца. Инцидентот се случил на 12 километри , јужно од Љубљана.
Со балонот патувале вкупно 35 луѓе. Според медиумите, најверојатно инцидентот е предизвикан од бура.