Топлотниот бран го зафати регионот, тропски температури до 27 јули

Од:

Топлотниот бран што ги зафати земјите од регионот ќе трае до 27 јули, прогнозираат метеоролозите, а температурите во некои градови и населени места ќе достигнат до 44 степени Целзиусови.

Поради високите дневни температури во Босна и Херцеговина денеска е на сила портокалов аларм, а температурите ќе се движат од 32 до 38 степени.

Следните два дена во повеќето области ќе важи црвен метео-аларм, кога температурата ќе се движи меѓу 33 и 41 степен, во јужните делови на регонот и до 42.

Тропски горештини денеска се очекуваат и во Хрватска. Во Сењ живата во термометарот во 6 часот не падна под 30 степени, а топло изутринава е и на Ластово, Палагружа, Хвар, во Риека и Опатија каде во најсвежиот период на деноноќието се измерени 24 и 25 степени.

Пикот на топлотниот бран се очекува викендов кога температурата локално ќе биде околу 40-тиот степен, со прогнози на метеоролозите дека постои можност да се надминат и јулските рекорди.

Топлотниот бран стигна и до Црна Гора, која според метеоролозите ќе биде една од најтоплите земји во Европа со температура до 44 степени Целзиусови.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Каја Калас доаѓа во прва официјална посета на Балканот, Скопје не е на списокот

Горан Наумовски

Осуммина Македонци на листата 100 најбогати во регионот за 2024

Урсула фон дер Лајен: Го сакаме Западен Балкан во Европската Унија

Екстремен топлотен бран на Балканот, Македонија и соседите вријат

Балканот денеска е најтоплиот дел од Европа

Катерина Ѓуровски

Според Индексот на човечки развој Југоисточниот регион на земјава најнеразвиен во цела Европа