Тонин: Словенија нема да испрати оружје во Украина

Од:

Словенечкиот министер за одбрана Матеј Тонин по денешната средба со британскиот колега Бен Валс во Љубљана истакна дека Словенија нема да испраќа оружје во Украина.

Тонин истакна дека „во Украина секако е подобро и лош мир отколку добра војна“ и оти засега не размислува за испраќање на оружје во Украина, како што направија другите земји-членки на НАТО.

– Клучно е на Путин, во рамките на сојузништвото на НАТО, да испратиме јасна и недвосмислена порака дека цената на војната едноставно е превисока, наведе Тонин.

Словенија во моментот има свои војници во НАТО мисијата во Летонија, а во април ќе им се придружат војниците од Северна Македонија.

Според Тонин, тоа е најдобар одговор на НАТО во политиката за одвраќање на Русија од евентуален напад врз Украина.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Русите со дронови го нападнаа Киев, вкупно 11 лица се повредени, вклучувајќи две деца

Путин: Помирувањето меѓу Русија и Украина е неизбежно, само е прашање на време

Зеленски: Прекин на огнот во војната со Русија е можен во секој момент

„Њујорк тајмс“: Украина ќе добие ракетен систем „Патриот“

Зеленски: Русија бара молк на 9 мај, но ја напаѓа Украина секој ден

Украински дрон собори два руски борбени авиони Су-30

Горан Наумовски