Лидерот на десничарската Хрватска партија за права, Ружа Томашиќ синоќа изјави дека „Хрватска е за Хрвати“ и дека сите останати се гости.
По повод свеченото одбележување на 23-годишнината од Хрватската демократска заедница (ХДЗ), Томашиќ изјави дека е време за вистината.
-Време е гласно да се каже вистината, дека Хрват денес во Хрватска може да каже крадецот е крадец, а четникот е четник – истакна таа и вети дека меѓународната соработка со ХДЗ е за доброто на сите, а најмногу за граѓаните.
Премиерот Зоран Милановиќ реагираше на пораката на пратеничката Томашиќ, при што и порача дека граѓаните на престојните избори ќе го направат вистинскиот избор.
-Убеден сум дека нашата листа ќе биде најзастапен во Европскиот парламент, а на овие избори ќе се избере модерна, европска Хрватска, каква посакуваме. Кога во 2013 година ќе изјавите дека Хрватска е за Хрватите, а останатите се гости, тие изјави се слушаат по села Европа. Тоа не е Хрватска – изјави Милановиќ за „Индекс“.
И претседателот Иво Јосиповиќ реагираше на изјавата на Томашиќ, при што нагласи дека секој граѓанин мора да ги ужива правата загарантирани со Уставот на Хрватска.
Елена Георгиевска