Тешка сообраќајна несреќа на македоснки камион во Албанија

Од:

Тешка сообраќајна несреќа се случила денеска во Албанија, на патниот правец Елбасан-Либражд, во која учествувал камион со македонска ознака.

Во сообраќајката што се случи во близина на Либражд учествуваа камион-шлепер со битолски регистарски таблички, управуван од Пецо Стојановски (43) од Битола, и автомобил со албански регистарски таблички, во сопственост на банка, кој превезувал пари за фирмата „Миртај“.

Според првичните сознанија од истрагата, автомобилот со албански таблички и со тројца патници поради нерпилагодената брзина и погрешното претекнување директно удрил во камионот. Притоа животот го загубиле две лица, а едно добило тешки повреди и по укажаната прва помош во болницата во Либражд итно е префлен во Воената болница во Тирана.

Градот Либражд се наоѓа на шеесетина километри од преминот Ќафасан, кај Струга. Оваа несреќа е прва годинава на патниот правец Елбасан-Либражд, каде лани се регистрирани 109 сообраќајки со 29 жртви.

Би можело да ве интересира

Обвинителство изврши увид по тешката сообраќајка на патот Кичево – Гостивар

А1он

Тројца загинати, повеќе повредени во страотна несреќа на патот Кичево-Гостивар

Катерина Ѓуровски

Тешка несреќа на патот Кичево-Гостивар, сообраќајот е во целосен прекин

Петмина повредени во сообраќајка, прекин на сообраќајот на патот Делчево-Пехчево-Берово

Тројца тешко повредени во вчерашната сообраќајка во Аеродром

Тројца повредени во сообраќајка во близина на Велес