Тешка сообраќајка во Хрватска, загинаа четири лица

Од:

Четири лица ги загубија животите во тешка сообраќајна несреќа што се случи во близина на Сењ, кога патничко возило падна во морето, потврди полициската управа Лика-Сењ за ХРТ.

Несреќата се случила околу 16:30 часот во селото Буница во Хрватска.

По приемот на пријавата, службите за итна помош веднаш биле испратени на местото на настанот, а во потрагата биле вклучени и нуркачи од ХГСС.

Полицијата објави дека од возилото се извлечени телата на две жени и двајца мажи.

Како што се испоставило, станува збор за автомобил со загрепски регистрации, но идентитетот на жртвите, како и нивната националност, сè уште не се познати.

Ќе се спроведе истрага на лице место за да се утврдат околностите на несреќата, додека телата се транспортирани во Институтот за судска медицина во Риека.

Би можело да ве интересира

Три тела се пронајдени во куќа во Пореч

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски