Теодоракис: Ципрас го одржа последното ветување

Од:

Целта е постигната. Земјата останува во еврозоната. Ципрас го одржа своето последно ветување наспроти сите оние кои сакаа да се вратиме на драхмата, изјави лидерот на Потами Ставрос Теодоракис во врска со договорот меѓу Грција и кредиторите.

Теодоракис изрази надеж дека Владата, Парламентот и партиите без одложување ќе преземат неопходни одлуки со цел земјата што е можно побрзо да влезе во нова ера.

– Договорот предвидува болни реформи и, за жал, бара повеќе жртви од грчкиот народ. Овој пат, да го направиме тоа со план, решителност и правда. За Грција и за нашите деца, истакна лидерот на Потами.

Би можело да ве интересира

Грција гори, жителите спас бараат во морето

Предраг Петровиќ

Во Грција исчезна петгодишното момче Игор од Србија

Горан Наумовски

Голем шумски пожар во близина на Атина: Пожар зафати куќи, бројни пожарникари и 17 авиони учествуваат во гаснењето

Голем пожар на грчкиот остров Серифос во Егејското Море

Тринаесетгодишно девојче загина од гром на плажа на Халкидики

Предраг Петровиќ

Грција: Раководството на Северна Македонија се враќа на дејствија што алудираат на иредентизам