Телефонски разговор Мицотакис – Рама за земјотресот во Албанија

Од:

Премиерот на Грција, Кирјакос Мицотакис имал телефонски разговор со неговиот албански колега, Еди Рама по силниот земјотрес што ја погоди Албанија, а специјална единица за справување со катастрофи на грчката противпожарна служба итно заминува за соседната земја за да помогне во потрагата и спасувањето, соопштуваат од кабинетот на претседателот на владата на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

-Телефонски разговарав со премиерот на Албанија, Еди Рама за да ја изразам поддршката на грчкиот народ. Веднаш заминува специјална единица за справување со катастрофи за да помогне во спасувачката акција, а Грција на било кој начин доколку е потребно ќе придонесе во справувањето со последиците од земјотресот, напиша Мицотакис на „Твитер“.

Според грчките медиуми, од Атина ќе замине специјална единица со

26 пожарникари, а не е исклучена можноста, единици од Јанина и Солун исто така да заминат за Албанија за да помогнат во потрагата и спасувањето.

Би можело да ве интересира

Четири опозициски партии доставија барање за гласање недоверба на грчката Влада

А1он

(ВИДЕО) Грција е целосно парализирана: Има судири, летаат солзавци и молотови коктели

Горан Наумовски

Нова демократија: Продолжуваат нападите врз партијата

А1он

Живеат над 90 години и не знаат за деменција – жителите на грчки остров пијат чај секој ден

А1он

Грк се забарикадира во работилница, уби две лица, сега се заканува со граната

(ВИДЕО) Егзодус од Санторини, 11.000 жители го напуштија островот