Телефонски разговор Мицотакис – Плакиотакис за киднапираните Грци во Камерун

Од:

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис телефонски разговарал со министерот за поморство Јанис Плакиотакис за вооружениот напад на грчкиот танкер и киднапираните Грци во Камерун.

Мицотакис, од надлежниот министер побара да се направат сите неопходни активности од грчка страна за случајот да заврши без проблеми.

Во Камерун бил извршен вооружен напад врз грчки танкер, биле киднапирани осум од 28те членови на екипажот. Петмина од киднапираните се грчки државјани, двајца се Филипинци, а еден е од Украина. Еден од киднапираните Грци бил повреден, веројатно од огнено оружје.

Би можело да ве интересира

Несреќа во Солун: Експлодира бомба, настрада 38-годишна жена од Грузија

Затворска казна до три месеци или парична казна од 300 евра за паркирање приколки или кампери на јавни простори во Грција

А1он

Штрајкуваат вработените во јавниот превоз во Грција

Грците уапсија шпион кој преку шифрирана апликација испраќал тајни материјали

Силен земјотрес го погоди Крит

Катерина Ѓуровски

Муцунски: Проширувањето на ЕУ е неопходно за политичка и безбедносна стабилност на европскиот континент