Телефонски разговор Ципрас-Меркел

Од:

Грчкиот премиер Алексис Ципрас денеска имаше телефонски разговор со германската канцеларка Ангела Меркел, соопшти неговиот Кабинет, јави дописникот на МИА од Атина.

Двајцата државници разговарале за предизвиците со кои се соочува Европа денес, односно прашања поврзани со безбедноста, економијата и кризата со мигрантите и бегалците.

Ципрас ја информирал Меркел за исходот од самитот на медитеранските земји од ЕУ истакнувајќи дека претставувал позитивен придонес кон конкретна иницијатива за дијалог за иднината на ЕУ.

Тие, исто така, разговарале за бегалската криза и се согласиле околу потребата за кадровско зајакнување на европската Канцеларија за поддршка на азил и да се забрза постапката за релокација.

Ципрас и Меркел исто така се согласиле дека Самитот на ЕУ во Братислава е одлична можност за промоција на позитивна агенда за визија и целите на Европската унија.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит