Таткото на осомничениот за убиството на Данка вели: Мојот син е наместен

Од:

Вчера пред Високото јавно обвинителство, Дејан Драгијевиќ, осомничениот за убиството на Данка Илиќ, целосно го негираше делото, по што се огласи неговиот татко, кој исто така ја смени тактиката и сега тврди дека се му било наместено на синот како и на осомничениот Срѓан Јанковиќ.

– Слушнав дека рекол дека никогаш не ја видел девојката и секако дека не ја видел, не ја ни допрел, а тоа што прво признал дека ја убил сето тоа му било наместено од поранешниот директор. Сите колеги го знаат ова и зборуваат така, за пари можат се – изјави Радослав Драгијевиќ за српски „Курир“, но не знаеше како да објасни на кој конкретен начин поранешниот директор го договорил тоа ниту кој мотив имал да го направи тоа.

За „Курир“ зборуваше и Горан Павиќ, поранешен директор на „Водовод“ од Бор.

Тој рече дека сето тоа се небулози и дека луѓето со месеци зборуваат за секакви работи.

Како што претходно напиша „Блиц“, Драгијевиќ на првото рочиште во Обвинителството во Заечар изјавил дека бил на совозачкото седиште во службеното возило „фиат панда“, додека зад воланот бил неговиот колега Срѓан Јанковиќ.

– Призна дека Јанковиќ со својот автомобил удрил во девојчето кое било само на патот, а потоа ја ставил на задното седиште од возилото и ја задавил со голи раце – изјави извор запознаен со постапката за српски „Блиц“.

Би можело да ве интересира

Осомничениот за убиството на Данка тврди: „Не ја убив, не ја ни видов“

Горан Наумовски

Еден од осомничените за убиството на Данка го прекинува молкот

Осомничените за убиството на Данка Илиќ по психијатриско вештачење се вратија во притвор

Почина мајката на осомничениот за убиството на малата Данка

Двајца нови сведоци ќе сведочат за исчезнувањето на малата Данка

Oсомничените за смртта на Данка може да се спасат од „тешки“ казни

Горан Наумовски