„Татко ми велеше дека сум психопат“, морничаво сведочење на момчето убиец од Врачар

Од:

Момчето убиец (13) кое на 3 мај изврши грозоморен масакр во основното училиште „Владислав Рибникар“, како што дознава српски Курир, за време на сведочењето преку видео врска откри дека татко му го нарекол психопат.

„За време на сведочењето во истрагата што ја спроведе Вишото јавно обвинителство во Белград против неговиот татко поради сомневање дека не го обезбедил соодветно оружјето што го имал и дека го однел синот на стрелиштето, момчето убиец одговараше на прашања за семејните односи“, открива изворот на Курир и додава дека останува нејасно што му претходело таткото патем да го нарече својот син психопат.

Инаку, интересно е и тоа што неколку минути откако пукал во училишното обезбедување, потоа во трите девојчиња кои ги затекнал во ходникот, а потоа и во другарките и соучениците, на полицајците кои брзо пристигнале на местото на настанот и го прашале зошто го направил тој им рекол: „Јас сум психопат“.

Да потсетиме, за време на сведочењето кое се одвиваше преку видео-врска, малолетниот убиец од училиштето изјави и дека татко му се гордее со тоа како пука, како и дека пиштолите ги носел на стрелиште, па побара „постар маж со седа коса да го научи да пука“. Како што напиша Курир, во телефонот на таткото се пронајдени видеа на кои се гледа дека тој го снима момчето, а потоа им се фали на пријателите дека „неговото малечко пука без промашување“.

Би можело да ве интересира

Наставничката по историја во ОУ „Владислав Рибникар“ доби награда за храброст

Трета тужба против родителите на убиецот од Врачар

Адвокатот Божовиќ: Побаравме оштетените да присуствуваат на судењето на Кечмановиќ

Татко на убиено девојче во „Рибникар“ тврди: Родителите на момчето-убиец лажат и глумат кога плачат

Горан Наумовски

Родителите на децата убиени во „Владислав Рибникар“ на суд дојдоа со слики од нивните најблиски

Таткото и мајката на убиецот од Врачар се изјаснија за невини за обвиненијата

Горан Наумовски