Работиме на решенија за заедничките проблеми, борба со нелегалната миграција, одбрана на нашите граници и стабилност на Западен Балкан, напиша на Твитер вицепремиерот и министер за надворешни работи на Италија Антонио Тајани по средбата со шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас, јави дописничката на МИА од Атина.
Двајцата министри на заедничката прес конференција во Рим се осврнаа на билатералните односи, ситуацијата во Либија, војната во Украина, позицијата на Турција кон Грција, како и на мигрантското прашање, за кое истакнаа дека се зголемени мигрантски бранови кон двете земји.
Тајани посочи дека Италија и Грција се „под силен миграциски притисок“ и одново го покрена апелот за европска солидарност и европски решенија насочени кон регулирање на миграциските бранови како по медитеранската, така и по балканската рута.
Дендиас потенцираше дека „Грција и Италија, како држави на првата линија“, мора тесно да соработуваат, но и дека миграцијата е „огромен предизвик за европскиот проект“, посочувајќи дека Европа треба да направиме повеќе за справување со феноменот.
Извор: МИА