Тахири: Постигнат е договор за распуштање на Граѓанската заштита во северно Косово

Од:

Косовската министерка одговорна за дијалогот со Белград, Едита Тахири  изјави дека е постигнат договор за распуштање на организацијата Граѓанска заштита во северниот дел на Косово.

– Договорот за распуштање на Граѓанската заштита е постигнат меѓу Белград, Приштина и ЕУ, истакна Тахири.

Тоа предвидува членовите на Граѓанската заштита да бидат интегрирани во институциите на Косово. Договорот ќе стапи во сила до 1 септември оваа година.

Граѓанската заштита-вооружени структури, составени од Срби во северниот дел на Косово, се дел од т.н. паралелни структури, чие укинување е од огромно значање за имплементирање на Бриселскиот договор за нормализирање на односите меѓу Белград и Приштина.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Во Брисел знаат која страна го кочи напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина

(ВИДЕО) Шпанците уапсија нарко-бос од Косово, во рацијата уапсени се 10 лица

Горан Наумовски

Србија повторно ќе испрати барање за враќање на 1.000 српски војници и полицајци на Косово

Предраг Петровиќ

Вучиќ утре ќе се изјасни, на маса и опцијата за прогласување окупација на дел од територијата на Србија

Предраг Петровиќ

Четворица млади Срби на рочиште во северниот дел на Косовска Митровица

Специјалното обвинителство во Приштина го објави обвинението против 45 лица за вооружениот конфликт во Бањска