Претседателот на Демократската партија, Борис Тадиќ се повлекува од политиката.
Тадиќ нема да се кандидира за претседател на Демократската партија, а раководството на партијата ќе го препушти на неговиот досегашен заменик, Драган Ѓилас, кој ќе биде единствениот кандидат за лидерската позиција. пренесуваат дел од српските медиуми.
Ѓилас е градоначалник на Белград.
На состанокот, на кој неодамна се сретнаа Тадиќ, Ѓилас и Пајтиќ било договорено како заменик на Ѓилас да се кандидира досегашниот потпретседател на партијата, премиерот на Војводина Бојан Пајтиќ.
Според договорот, на изборите демократите ќе изберат нови заменик-претседатели, а за сега сигурно е дека на овие позиции повеќе нема да може да сметаат сегашните партиски потпретседатели.
Програмата за изборното собрание ќе биде дефинирана на седницата на главниот одбор на партијата закажана за 8 септември.