Кандидатот на косовскиот претседател Хашим Тачи изјави денеска дека додека бил премиер на Косово во 2014 година наводно примил смртни закани од лидерот на екстремистичката организација Исламска држава, Абу Бакр ал Багдади поради неговото противење на оваа екстремистичка организација.
– Тоа беше смртна закана за мене и моето семејство, рече Тачи во интервју АФП, јави Танјуг.
Лидерот на ИД, Абу Бакр ал Багдади, кој е потписник на писмото, наводно го повикува Тачи да се откаже од усогласување на косовската политика со Западот или во спротивно ќе биде соочен со голема одмазда.
Тачи, кој според некои проценки се смета за фаворит за косовски претседател на престојните избори, изјави дека нема да се повлече поради какви било закани во борбата против исламскиот фундаментализам.