Тачи вознемирен поради негирањето на српските масакри во 1998-99 година од страна на Вучиќ

Од:

Косовскиот претседател Хашим Тачи изрази големо разочарување поради одбивањето на актуелните српски власти, меѓу кои и на претседателот Александар Вучиќ, да ги признаат злосторствата што воено-полициските и парамилитарните српски единици, командувани од Слободан Милошевиќ, ги извршија врз косовското цивилно население во 1998-99 година, јави дописникот на МИА од Приштина.

Реакцијата на Тачи следува по денешната изјава на Вучиќ дека разрешениот министер од косовската Влада, од редовите на Српската листа (СЛ) Иван Теодосијевиќ бил во право кога рекол дека масакрот во Речак бил „измислен од албанските терористи“.

Според Вучиќ, сега веќе поранешен косовски министер за администрација и локална самоуправа Теодосијевиќ бил во право кога го рекол тоа, затоа што извештајот на тогашниот шеф на мисијата на ОБСЕ во Косово Вилијам Вокер дека во Речак се убиени 45 цивили Албанци, според српскиот претседател, бил тенденциозен и имал за цел да ги поттикне нападите на НАТО врз Србија.

Ваквите изјави косовскиот претседател ги оцени како навредливи и обид за негирање на стотиците масакри извршени од српските сили врз цивилното албанско население во 1998-99 година.

– Потресен од навредливите изјави кои доаѓаат од официјален Белград, кој на овој начин ги негира масакрите врз невините граѓани извршени од српските владини сили во 1998-99 година.

Негирањето на Речак и на стотиците други масакри е длабоко вознемирувачко и не дава знаци за помирување, напиша Тачи на својот Твитер.

Во јануари 1999 година српските сили убија 45 мажи, момчиња и старци во селото Рачак во централно Косово.

Официјален Белград тврдеше дека станува збор за „албански терористи“, меѓутоа известувачите на ОБСЕ, како и светските медиуми, јавија дека е очигледно оти станува збор за егзекуција на невооружени цивили.

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: Македонија и Косово постигнуваат одлично соседско партнерство откако ние сме на власт

Горан Наумовски

ЕУ: Напредокот во нормализирањето на односите со Белград е единствениот начин Приштина да напредува

Таравари: На Косово му е потребно Курти да продолжи уште четири години со владеење

Избори на Косово: Самоопределување има 41,29 проценти од гласовите

Катерина Ѓуровски

Први резултати на ЦИК во Приштина: Самоопределување освои најмногу гласови – 37,18 отсто

Горан Наумовски

Затворени се избирачките места во Косово

Горан Наумовски