Тачи: Пријателството на Црна Гора и Косово е пример за други држави

Од:

Потпретседателот на Владата и министер за надворешни работи на Косово Хашим Тачи, кој престојува во посета на Црна Гора рече дека пријателството на Црна Гора и Косово е многу добро и претставува модел за други држави.

Тој нагласи дека Косово и Црна Гора немаат отворени прашања.

– Таа традиција треба да ја задржиме, изјави Тачи по состанокот со црногорскиот колега Игор Лукшиќ.

– Овде сум да работам на унапредување на односите на политичко и економско ниво. Имаме исти цели, а тоа се влез во ЕУ и НАТО. Косово и дава целосна поддршка на Црна Гора за влез во НАТО бидејќи тоа е стратешки интерес за целиот регион, изјави Тачи.

Тој додаде дека процесот на демаркација на границата е решен 90 отсто и до пролетта оваа година ќе биде завршен.

Тачи наведе дека Косово во целост ги признава црногорското малцинство, а најави дека наскоро и црногорската и хрватската заедница ќе влезат во Уставот.

Лукшиќ изјави дека односите на Црна Гора и Косово се добри.

– Минатата година се потпишани девет договори и се тоа во интерес на Косово и Црна Гора. Го информирав Тачи за статусот на нашиот пат во НАТО и ЕУ, рече тој.

– На иницијатива на косовската Влада ќе ја продолжиме со регионалната соработка, рече Лукшиќ, кој му се заблагодари на Тачи на залагањето црногорското малцинство да биде во уставот.

Би можело да ве интересира

Милатовиќ: Црна Гора ќе биде 28-ма членка на ЕУ

860 луѓе добија црногорски „Златен пасош“

Силен земјотрес во Црна Гора, се почувствува и во регионот

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Куче во училиште нападна и повреди деца, го застрела училишниот полицаец

А1он

(ВИДЕО) Инцидент во училиште во Косово: Куче повреди четири деца и полицаец

ВИДЕО: Косовската полиција затвори 35 српски институции