Тачи поднесе кривична пријава против градоначалникот на Митровица

Од:

Претседателот на Косово Хашим Тачи поднесе денеска кривична пријава против градоначалникот на Митровица Агим Бахтири, поради неговата неодамнешна изјава дека е можен „братоубиствен конфликт“ доколку некој формира влада без партијата на премиерот во оставка Албин Курти, Движењето Самоопределување (ВВ), јави дописникот на МИА од Приштина.

Тачи ја оквалификува изјавата на Бахтири како „напад врз уставниот поредок на Косово, насилство врз високи претставници на Република Косово и поттикнување на раздор и нетрпение“.

– Со закана со насилство од овој висок претставник на Самоопределување, кој е и градоначалник, Бахтири се обиде да го смени устаниот поредок на Република Косово, да ги урне највисоките институции на Република Косово и да го спречи претседателот на Република Косово во вршењето на службените задачи, се вели во пријавата на Тачи.

Покрај тоа, според косовскиот претседател, со ваквите изјави се загрозени неговата лична безбедност, како и безбедноста на неговото семејство.

– Имајќи ја предвид природата на делото, поаѓајќи од фактот дека јас и моето семејство се чувствуваме загрозени од изјавата на Бахтири, барам од институциите да ги преземат соодветните дејствија, согласно законите кои се во сила, се вели во кривичната пријава на Тачи против градоначалникот на Митровица, Бахтири.

Коментирајќи ја иницијативата на претседателот на државата за формирање нова Влада на Косово, откако на 23 март му беше изгласана недоверба на кабинетот на Курти, Бахтири на 30 март изјави дека е можен „братоубиствен конфликт“, доколку без ВВ, како партија победничка на изборите, се формира ново мнозинство во Собранието на Косово.

– Новата влада ќе се формира кога ќе се одржат изборите и секому ќе покажеме каде му е местото. Нова влада нема од 6 октомври до избори, не влегувајте во братоубиствен конфликт, бидејќи ние немаме намера да дозволиме некој да ни ја украде власта, порача Бахтири, кој беше избран на чело на Митровица како кандидат на сегашната опозиција а тогашна власт, додека пред октомвриските парламентарни избори се приклучи на партијата на Курти.

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски

Заедничка седница на владите на Северна Македонија и на Косово во Приштина