Тачи побара Парламентот на дневен ред да ги стави оружените сили

Од:

Косовскиот премиер Хашим Тачи побара денеска од претседателството на косовското Собрание на дневен ред да го стави основањето Оружени сили на Косово, а косовската Влада на истата седница го усвои нацрт-законот за заштита и финансиска поддршка на лицата кои ќе се најдат пред Специјалниот суд за злосторства на ОВК.

Тачи, на состанокот на косовската Влада рече дека ова е „историски момент кој не треба да се пропушти“, пренесува Танјуг.

На владината седница усвоен е нацрт предлог за надополнување и промена на законот кој се однесува на оружените сили, како и нацрт закон за правна заштита и финансиска поддршка на лицата кои евентуално ќе се најдат во судски процес пред Специјалниот суд за злосторства, наведен во извештајот на Дик Марти, а основан од косовското Собрание.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Во Брисел знаат која страна го кочи напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина

(ВИДЕО) Шпанците уапсија нарко-бос од Косово, во рацијата уапсени се 10 лица

Горан Наумовски

Србија повторно ќе испрати барање за враќање на 1.000 српски војници и полицајци на Косово

Предраг Петровиќ

Вучиќ утре ќе се изјасни, на маса и опцијата за прогласување окупација на дел од територијата на Србија

Предраг Петровиќ

Четворица млади Срби на рочиште во северниот дел на Косовска Митровица

Специјалното обвинителство во Приштина го објави обвинението против 45 лица за вооружениот конфликт во Бањска