Тачи им порача на Србите кои ќе ги напуштат институциите дека нема да можат да се вратат веќе

Од:

Косовскиот претседател Хашим Тачи им порача на припадниците на српската заедница дека доколку ги напуштат институциите, посебно полицијата и другите безбедносни служби, нема да можат да се вратат веќе на нивните работни места, јави дописникот на МИА од Приштина.

Пораката на Тачи, објавена на неговиот Фејсбук, доаѓа пред, како што напиша, истекот на рокот кој официјален Белград им го одредил на косовските Срби да поднесат оставки на позициите кои ги имаат во институциите на Косово.

– Утре истекува рокот кога властите во Белград најавија дека ќе поттикнат одредени сегменти на припадниците на српската заедница да одлучат дали ќе заминат од институциите на Косово или ќе останат во нив.

Со оглед дека ова се однесува на сегметни на безбедноста и дека тие се државјани на Република Косово, повторно ќе нагласам дека Србија треба да престане со непријателските интерференци и дејствија во однос на работата на косовските институции, напиша Тачи.

Косовскиот претседател воедно побара и од меѓународната заедница да посвети големо внимание на однесувањето на српските власти кон Косово и тамошните Срби.

Тој ги предупреди тие што ќе ги послушаат пораките од Белград дека местата што ќе ги напуштат „веднаш ќе бидат пополнети со други припадници од сите етнички заедници“, затоа што, како што напиша, „Косово не припаѓа повеќе на една заедница за разлика од некоја друга“.

– Доколку припадниците на било која заедница ги напуштат институциите, посебно полицијата и другите безбедносни механизми, на сите уште денеска им порачувам решително дека во целост ќе се почитува уставноста и законитоста за сите.

Индивидуална волја на секого е да одлучи дали ќе остане или ќе си замине, но една работа е јасна: не дозволуваме вакуум и секој кој што ќе замине нема да се врати веќе. Нивните места веднаш ќе бидат пополнети со други припадници од сите етнички заедници. Косово не припаѓа повеќе на една заедница за разлика од некоја друга, туку е на сите и ние треба да го градиме заедно, порача Тачи.

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски

Заедничка седница на владите на Северна Македонија и на Косово во Приштина