Тачи до Курти: Не го искористивте правото да формирате Влада, почнуваат преговори со другите партии

Од:

Претседателот на Косово Хашим Тачи му се обрати денеска на лидерот на Движењето Самоопределување (ВВ) и вршител на должноста премиер, Албин Курти, со ново писмо, во кое го информира дека ги започнува преговорите со другите парламентарни партии за формирање нова Влада на Косово, откако кабинетот на Курти беше разрешен со изгласувањето недоверба од Собранието на 25 март.

Како што јави дописникот на МИА од Приштина, во неговото четврто писмо до Курти од уривањето на Владата, Тачи вели дека ВВ, со своето однесување, ја испушти приликата, како партија победничка на изборите од октомври минатата година, да предложи кандидат за премиер и да формира нова влада.

– Со жалење констатирам дека со вашите дејствија не го искористивте правото да предложите нов кандидат за формирање влада (…) Треба да ве потсетам дека, согласно уставниот мандат, имам одговорност да ја зачувам стабилноста на земјата и да обезбедам демократско функционирање на институциите, се вели во писмото на Тачи.

Тачи го информира Курти дека, согласно соодветните уставни одредби и други законски акти, ќе ги започне консултациите со лидерите на парламентарните политички субјекти за наредните чекори во правец на формирање нова Влада.

Курти и неговата партија, Самоопределување, на барањата на тачи да предложат мандатар за нова влада, одговараа дека, според нивно толкување на Уставот, единствен начин да се формира нова влада по изгласувањето недоверба на актуелната, е одржувањето вонредни парламентарни избори, кои би се организирале откако ќе се надмине кризата со пандемијата на Ковид-19.

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Курти: Министрите за правда работат на решавање на екстрадицијата на Демири и Исмаиловиќ

А1он

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски