„Та Неа“: Кредиторите бараат Грција да распродаде се

Од:

Кредиторите на Грција побарале од Владата во Атина во целост да ја спроведе програмата за приватизација утврдена во 2012 година, со напомена дека тоа е само еден од условите за склучување нов договор, објави атинскиот весник „Та Неа“.

– Продадете се, како што предвидуваше првичната програма, им порачале, според „Та Неа“, кредиторите на грчките владини претставници, со напомена дека според оваа ппрограма за периодот 2015-2020 година Грција треба да заработи 10 милијарди евра.

Според „Та Неа“, кредиторите бараат од Атина да приватизира дел од електроенергетската компанија АДМИЕ, фирмите за гас и нафта, ДЕПА и ЕЛПЕ, дел од државниот телеком ОТЕ, железничката компанија „Треносе“ и пристаништата во Пиреја и Солун.

Кредиторите барале и доставување на конкретни рокови за продажба и за издавање под концесии на државен имот до 31 декември 2014 година и итна продажба на државната железница.

Тие уште иниситирале Владата да даде под концесија на 14 регионални аеродроми, од што во 2015 година Грција би заработила 1,2 милијарди евра.

Грчката Влада од своја страна предлага до 2019 година да изврши приватизација само на неколку државни компании од што би заработила две милијарди евра, додека по 2020 година би следела друга приватизациска фаза во која би се остврил приход од 18 милијарди евра, додава весникот.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит