За Бојана Даниловиќ од Ужице која гледа се наопаку, заинтересирани се и светските медиуми.
Медиумите пишуваат дека светот на оваа девојка е свртен наопаку поради реткиот медицински феномен, со кој гледа се наопаку.
Дваесет и осумгодишната работничка во локалната самоуправа гледа се наопаку, поради ретката грешка во начинот на кој нејзиниот мозок ја обработува сликата.
Девојката во својот дом има посебен телевизор свртен наопаку.
Тоа можеби некому би му било чудно, но за мене е сосема нормално – изјави Даниловиќ.
Научници од Институтот за технологија од Масачусет и Харвард во САД, нејзината состојба ја опишуваат како феномен во просторната ориентација.
Ми рекоа дека виделе луѓе кои пишуваат како јас што гледам, но никогаш не виделе случај како мојот – вели таа.
Елена Георгиевска