Свештеникот што одвикнуваше зависници со лопата по грб, уби момче

Од:

Бранислав Перановиќ, некогашен свештеник кој е сменет во 2009. година поради примена на насилна метода за лечење на наркоманите во Центарот за одвикнување од дрога „Црна Река“ уапсен е поради сомневање дека синоќа убил 39 годишен штитеник на Центарот за одвикнување од дрога во Лозница.

Перановиќ се посомневал дека штитеникот внесол дрога, го удрил со шипка по главата и го убил.

Истражниот судија изјави дека штитеникот бил изложен на одредено физичко казнување.

„Во овој момент, постои сомневање дека постои врска на физичкото казнување со смртта. Во текот на денот после обдукцијата ќе имаме прецизни сознанија од што настапила смртта и дали примена на физичка сила има поврзаност со тоа“, рече истражниот судија.

Тој рече дека на поранешниот свештеник му е одреден притвор од 48. часа, што го потврди и министерот за внатрешни работи и премиер на Србија, Ивица Дачиќ.

Перановиќ и е познат на јавноста кога уште пред 2009. година се појави снимкиа од рехабилитациониот центар за лечење на наркомани „Црна Река“ каде што беше управник. На снимката се гледа дека тој со уште еден соработник ги тепаат своите штитеници со лопати и со боксови.

Снимката е направена на 16. мај 2007. година.

Причината за првото тепање како што кажуваше тогаш зависникот од дрога од снимката е тоа што е повторно вратен на лечење. Благослов за тепањето на секој пациент во Црна Река трвдеше претепаното момче давал свештеникот Бранислав Перановиќ, управник на центарот.

Перановиќ тогаш се шравдаше дека доаѓањето во Центарот е доброволно, а тепањето повремено.

Владиката Артемие откако се појави снимката на интернет веднаш го разреши Перановиќ од управник на Центарот и против него покрена црквено-судска постапка поради примена на недозволени методи на казнување над штитениците на центарот.

Перановиќ во 2010. година пристигна во Јадранска Лешница, каде што стана управник на Центарот за одвикнување од зависности.

Би можело да ве интересира

Верма: Санкциите се насочени кон Русија, а не кон Србија

Америка воведе санкции за српската нафтена индустрија

Убиство во Инџија, уапсени се три лица, по четвртиот се трага

Горан Наумовски

Српската влада формираше тимови за преговори со Русија за долгорочен план за снабдување со гас

Катерина Ѓуровски

Српскиот премиер се закани на професорите: Сите што одбиваат да предаваат повеќе нема да работат во образованието

ВИДЕО: Студентите брутално претепаа човек во Нови Сад

Предраг Петровиќ