Свештеникот од Солун е осомничен дека ги оштетил верниците за повеќе од еден милион евра

Од:

Свештеникот (68) од Солун, кој е осомничен дека ги оштетил верниците за повеќе од еден милион евра, продолжува да служи во црквата „Свети Кирил и Методиј“.

Тој вели дека се што сака е да служи во истата црква каде што бил со децении, но не крие дека Обвинителството покренало истрага за неговиот случај.

„Не можам да зборувам на таа тема, Обвинителството не ми дозволува. Не се плашам, да се плашев немаше да бидам во храмот. Не побегнав, не се кријам. Јас сум секогаш на располагање на властите“, рече тој.

Тој е осомничен дека од ноември 2018 година до 24 февруари минатата година со своите двајца помошници им приоѓал на луѓето и ги уверувал дека би можел да стане следниот солунски митрополит и дека тие можат да имаат корист од тоа.

За да бидат што поубедливи, на жртвите им покажувале лажни писма кои наводно ги добивал од верски и државни органи и им земал пари на верниците.

Истрагата ќе покаже дали навистина со измама од жртвите зел 1.340.000 евра. Досега по пријава од неколку мештани, утврдено е дека парите се префрлени на сметка на соучесници на свештеникот.

Во меѓувреме полицијата запленила луксузно возило, два компјутера, принтер, два УСБ-диск, разни сметководствени книшки, разни писма и белешки, како и два мобилни телефони.

Би можело да ве интересира

Измама во Куманово: Жена остана без 2.000 евра

Измамена е 83-годишна жена, останала без 50.000 денари

Грк се забарикадира во работилница, уби две лица, сега се заканува со граната

Измамник од скопјанка зел речиси 5.000 евра

80-годишна жена од Скопје остана без 10.000 евра, му поверувала на лажен германски полицаец

Вработен во Здравствениот дом во Кратово бил во странство, но сепак добил плата