Еден висок бугарски православен свештеник критикуван бидејќи живее убаво, го понуди својот луксузен часовник „Ролекс“ на една црква, за да може да ја плати сметката за струја.
Митрополитот Пловдив Николај на црквата Св. Марина и го понуди својот часовник да го земе и продаде и со тоа да ја плати сметката за струја, која е многу висока – соопшти црквата од Пловдив, на југот на Бугарија.
Сметките за струја во Бугарија во јануари се многу повисоки, во однос на декември што предизвика и секојдневни протести низ државата. Протестите го принудија и премиерот на десниот центар Бојко Борисов да поднесе оставка.
Бидејќи мрежата за дистрибуција на гас се уште не е развиена, греењето на струја во Бугарија е масовно.
Православната црква во Бугарија, која својот нов патријарх го избра на 24-ти февруари често е под критика бидејќи се збогатува од новопечените милионери.
Елена Георгиевска