„Слушнавме голем тресок, тоа беше 10 секунди за кошмар. Се превртевме во вагонот додека не паднавме на страна… потоа настана паника. Каблите пукнаа насекаде, пожарот беше моментален. Додека се превртувавме за да се спасиме изгоревме. Пожарот беше од двете страни“, изјави Стергиос Миненис, 28-годишен патник во возот што синоќа се судри со товарен воз во Грција.
„Беше како земјотрес“, изјави за ЕРТ Ангелос Циамурас, друг патник.
При судирот избувнал пожар во многу вагони во кој останале заробени патниците. Оние кои успеале да се спасат се префрлени во болница, многу од нив се здобиле со тешки изгореници.
„Настана паника, избувна пожар. Пожарот беше насекаде околу нас“, вели патникот Миненис, кој вели дека тој и другите патници успеале да избегаат скокајќи од два метри.
„Железните парчиња се скршени под нас, но што друго ни останува?“, додаде тој.
Регионалниот гувернер на Тесалија Константинос Агорастос за ТВ СКАИ изјави дека првите четири вагони од патничкиот воз излетале од шините во несреќата, додека првите два вагони, кои се запалиле, се „речиси целосно уништени“. Тој рече дека двата воза се тркаат еден кон друг на иста пруга.