Сведок на масакрот во белградското училиште: Се слушнаa 15 истрели, па молк

Од:

Неодамна беше покренато обвинение против родителите на момчето кое го изврши масакрот во белградското основно училиште на 3 мај, а статус на жртва во случајот има и сведокот на делото, студентот Д.П. кој се спасил скокајќи од прозорецот на училницата. Нова.рс дознава што Д.П. изјави на рочиштето пред Вишото јавно обвинителство.

Тој рече дека тој ден по рафалниот истрел кој се слушнал од ходникот на училиштето, видел како дете ја отворило вратата од кабинетот и со пиштол во рака влегува во училницата.

„Јас сум студент по историја на Филозофскиот факултет, каде што практиката е да одам во основните или средните училишта, најчесто во групи од тројца до четири, за училишна пракса за време на моето студирање“, изјави тој.

„Во моментот кога имаше пукање во училиштето „Владислав Рибникар“, јас бев на пракса во кабинетот по историја“, се сеќава тој.

Тој тврди дека тој ден на училиште започнал како и секој друг.

„Дојдов на училиште во 7:50 – 7:55 часот, како и обично се поздравив со портирот Драган Влаховиќ. Потоа гочекав менторот, професорката по историја Татјана Стевановиќ да го отклучи кабинетот и влегов со неа. Децата влегоа по нас. Часот траеше сосема нормално првите 35 минути, а потоа околу 8:36 – 8:37 часот се слушнаа истрели од ходникот на училиштето“, истакна тој.

„Не бевме сигурни од каде доаѓа звукот, мислевме дека се петарди. Мислам дека слушнав околу 15 истрели наизменично, а потоа имаше тишина од 20 до 30 секунди“, продолжи тој.

Рече дека седел во последната клупа до прозорецот, дијагонално од влезот до кабинетот.

„Настана тишина, некој можеби ќе кажеше нешто, но сите се прашувавме што се случува. Тогаш тоа момче, чие име тогаш не го знаев, ја отвори вратата, се виде испружена рака со пиштол, а неговата чанта висеше од рамото до колкот. Тој го впери пиштолот кон учителката, по што скокнав од отворениот прозорец, но не сум сигурен дали го слушнав истрелот при скокот или непосредно пред тоа“, истакна тој.

„Не знам дали прво пукаше во учителката, но откако излетав истрчав кон оградениот дел од дворот и видов дека уште две-три момчиња скокнаа и отидоа кон Цветниот плоштад“, изјави Д.П.

„Не можам точно да кажам колку истрели беа, но се слушаа цело време додека трчавме кон излезот. Кога искочив, се слушнаа гласови, врисоци и плачења. При излегувањето од дворот кон Цветниот плоштад, веќе го земав телефонот и повикав полиција“, рече тој.

Тој потврди дека и претходно го видел момчето напаѓач.

„Забележувам дека не се сеќавам на ништо конкретно, но знаев дека е од тој клас. Пред овој настан два пати бев во тој клас, имам белешки од часовите. Не забележав некој посебен однос со него или ништо друго карактеристично во однос на него или во врска со него“, нагласи тој.

„Во моментот кога момчето кое пукаше влезе во училницата, не се сетив кој е, но подоцна се сетив дека е ученик од тој клас, кога ги видов неговите слики во медиумите. Се сеќавам дека имаше црн дуксер“, изјавил младиот човек во обвинителството.

Го замолија да покаже во каква положба го видел момчето кое пукало.

„Вратата од училницата се отвора кон надвор, односно кон ходникот. Видов дека момчето е во стоечка положба, со целосно испружена лева рака во која држеше пиштол. Кога видов раката беше мирна, не трепереше“, тврди студентот.

Тој не го слушнал момчето убиец да каже ништо додека бил во училницата.

„Две до три секунди откако момчето влезе, скокнав низ прозорецот за да си го спасам животот. Гледајќи го момчето со пиштол во раката, го поврзав со истрелите што претходно ги слушнав“, објасни тој.

Би можело да ве интересира

Наставничката по историја во ОУ „Владислав Рибникар“ доби награда за храброст

Трета тужба против родителите на убиецот од Врачар

Адвокатот Божовиќ: Побаравме оштетените да присуствуваат на судењето на Кечмановиќ

Татко на убиено девојче во „Рибникар“ тврди: Родителите на момчето-убиец лажат и глумат кога плачат

Горан Наумовски

Родителите на децата убиени во „Владислав Рибникар“ на суд дојдоа со слики од нивните најблиски

Таткото и мајката на убиецот од Врачар се изјаснија за невини за обвиненијата

Горан Наумовски