Судските полицајци во Сплит не биле надлежни да трчаат по убиецот што им избега

Од:

Судските полицајци на кои денеска во Сплит им избега осомничен за убиство, постапувале според прописите и не трчале по бегалецот, туку ја известиле полицијата, која е надлежна за потери – вака портпаролката на хрватското Министерство за правда се обиде да го оправда денешниот тежок кикс пред сплитскиот суд.

На двајца судски полицајци околу пладне им избега 36-годишниот Бранимир Чалета, осомничен за убиство на својата бремена девојка, во моментот кога го спроведувале од судот кон комбето кое требало да го врати во локалниот затвор.

Потрагата по бегалецот, кој избегал со лисици на рацете, трае со часови и засега е без резултат. Во вечерашната целосна блокада на Сплит учествуваат стотици полицајци со кучиња, кои систематски ги пребаруваат улиците на градот.

Издадена е потерница по Чалета, а алармирани се и полициските органи на соседните земји. На избеганиот осомничен убиец преку медиумите му се обрати и адвокатот Хрвоје Кришто, кој рече дека ништо не укажувало на тоа дека неговиот клиент ќе се обиде да избега.

„Бранимир нема зошто да се крие, затоа што на првото рочиште за исказ за вината, тој се покаја, но не како што пишува во описот на фактите. Со тоа, тој остави простор да дискутираме и да расправаме пред Судот за тоа што е во самиот предмет и што го слушаме од сведоците. Постоела компликувана и емотивна врска во таканаречен „љубовен триаголник, што резултирало онака како што резултирало. Се надевам дека ќе се предаде, а ако тоа не го стори самиот, се надевам дека полицијата ќе го приведе,“ изјави Кришто.

Во случајот што со години ја бранува хрватската јавност, Чалета е обвинет дека ја убил својата девојка Ана во 2013 година, во хотелска соба во украинскиот град Днипро, откако открил дека е бремена со дете од друг маж. Чалета во јуни го призна убиството, но кажа дека тоа не се случило онака као што е опишано во Обвиителниот акт.

Би можело да ве интересира

Го убиле и го запалиле телото за да му украдат 6000 денари, притвор за браќата од Луке

Катерина Ѓуровски

Ѓорчевски: Во моментот кога го одземале животот на Вања, го одзедоа и мојот живот

Предраг Петровиќ

Уапсени за убиството во селото Луке, двајца го ликвидирале и запалиле соседот

(ВИДЕО) Сестрата на Теодора: Само две години за тој што ја уби, колку вреди животот во Македонија

Блокиран град во Германија, поставени барикади, се бара опасен убиец: Пронајдени три тела во куќата

Тројца мажи од кривопаланечкото село Луке убиле соселанец, па го закопале во дупка