Судот за воените злосторства во Косово ќе биде во Хаг

Од:

Сведоците кои сведочат за воени злосторства, извршени од Ослободителната војска на Косово (ОВК), веќе се вклучени во програмата за заштита и поголем број од нив се испратени на различни страни од светот, а софтверот со сите сведоштва за делата на Специјалниот суд се во Брисел, објави српскиот весник „Данас“.

Според дипломатски извори повеќе од 400 лица веќе сведочеле за злосторствата на ОВК, но најверојатно само околу 30 ќе сведочат пред судот, што треба да се формира ова година.

Судот ќе биде со меѓународен состав и ќе биде сместем во поранешни згради на Европол во Хаг. Тој ќе дејствува под покровителство на Европската унија.

Специјалниот суд ќе биде задолжен за тешките злосторства извршени од ОВК над етничките малцинства и политичките противници во 1999-2000 година.

Меѓународниот трибунал за воени злосторстава во поранешна Југославија и српското обвинителство ќе соработуваат со Специјалниот суд.

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: Македонија и Косово постигнуваат одлично соседско партнерство откако ние сме на власт

Горан Наумовски

ЕУ: Напредокот во нормализирањето на односите со Белград е единствениот начин Приштина да напредува

Таравари: На Косово му е потребно Курти да продолжи уште четири години со владеење

Избори на Косово: Самоопределување има 41,29 проценти од гласовите

Катерина Ѓуровски

Први резултати на ЦИК во Приштина: Самоопределување освои најмногу гласови – 37,18 отсто

Горан Наумовски

Затворени се избирачките места во Косово

Горан Наумовски