Судот одлучи: Нови три месеци притвор за таткото на убиецот од Врачар и „замрзнување“ на сите пари

Од:

Апелациониот суд во Белград му го продолжи притворот на В.К., таткото на момчето што изврши масовно убиство во „Владислав Рибникар“, за уште три месеци.

Да потсетиме, момчето убиец (13) кое на 3 мај изврши грозоморен масакр во основното училиште „Владислав Рибникар“, како што дознава Курир, при сведочењето преку видео врска откри дека татко му го нарекол психопат.

– Во текот на сведочењето во истрагата што Вишото јавно обвинителство во Белград го спроведе против неговиот татко поради сомнение дека не го обезбедил соодветно оружјето што го поседувал и дека го однел синот на стрелиштето, момчето убиец одговараше на прашања за семејните односи. Во еден момент рече „татко ми ми кажа дека сум психопат“, како и „отидовме на стрелиште да ја поправиме врската и да работиме на тоа“ – открива изворот на српски Курир.

Вишиот суд во Белград го усвои и предлогот на членовите на семејството убиени во масакрот во ОУ „Владислав Рибникар“ сите пари со кои располага таткото на момчето-убиец од Врачар да се префрлат на депозит на извршител.

Во исто време, судот и наложи на Народната банка на Србија да ги префрли парите како што е наложено. Парите ќе бидат во депозит на јавен извршител, до висината на имотно-правните побарувања на оштетените (членови на семејството на убиените), каде што ќе се чуваат до конечното завршување на кривичната постапка.

Против тоа решение е дозволена жалба, но тоа не го одлага извршувањето на решението.

Би можело да ве интересира

Наставничката по историја во ОУ „Владислав Рибникар“ доби награда за храброст

Трета тужба против родителите на убиецот од Врачар

Адвокатот Божовиќ: Побаравме оштетените да присуствуваат на судењето на Кечмановиќ

Татко на убиено девојче во „Рибникар“ тврди: Родителите на момчето-убиец лажат и глумат кога плачат

Горан Наумовски

Родителите на децата убиени во „Владислав Рибникар“ на суд дојдоа со слики од нивните најблиски

Таткото и мајката на убиецот од Врачар се изјаснија за невини за обвиненијата

Горан Наумовски