Судот го ослободи грчкиот Асанж

Од:

Грчкиот новинар кој го откри списокот на богати Грци кои затајуваат данок, познат како „грчкиот Асанж“, ослободен е од обвинението.

Во судот во Атина вчера започна и заврши судењето на грчкиот новинар Костас Ваксеванис, кој беше обвинет за повреда на приватноста, откако во своето списание „Fot Dok“ ги објави имињата на повеќе од 2.000 Грци кои имаат сметки во швајцарските банки.

Апсењето на новинари и експресно брзиот почеток на судењето предизвика загриженост во меѓународната јавност, но и незадоволство од Грците, лути поради привилегиите кои ги ужива елитата, наведува Ројтерс.

Ваксеванис вчера во својата одбрана ги обвинил политичарите дека ја кријат вистината и ја штитат недопирливата богата елита.

Тој кажал дека судењето е политички мотивирано и одмаздничко.

Грците чии имиња списанието на Ваксеванис ги објавило во саботата се осомничени дека ги користеле банкарските сметки во швајцарската филијала на банката ХСБЦ, каде депонирале средства во вредност од 1,5 до две милијарди евра, со цел да не платат данок, додека грчката влада се обвинува дека не спровела соодветна истрага околу сето ова, пренесуваат светските агенции.

Правните застапници на Ваксеванис, започнувајќи ја неговата одбрана, навеле дека обвинителството го обвинило, без кој било од луѓето на листата да поднесе против него тужба за повреда на приватноста, што е многу редок случај во Грција.

Листата која неговото списание ја објави, најпрво излезе благодарејќи на службеник во банката ХСБЦ, а во 2010-та година, тогашната француска министерка за финансии Кристин Лагард, ја проследи листата до властите во Грција.

Би можело да ве интересира

Грчката Сириза избра нов лидер: Сократис Фамелос на чело на поранешната владејачка партија

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски