Во судирите помеѓу грчките анархисти и десничарите во Атина, повредени се две лица, а 15 се упасени.
Судирите во кои учествувааа анархистите, локaлното население и екстремните десничари се случија во северниот атински кварт Агиос Пантелеимонас, кој е познат по тензиите меѓу „староседелците“ и имигрантите.
Судирите почнале кога колона од автомобили со 50 анархисти извикувала дека сака да го исчисти квартот од фашисти и биле нападнати случајни минувачи, при што двајца се повредени.
Набрзо по заминувањето на анархистите, приврзаниците на Златна зора се појавиле во голем број во квартот Агиос Пантелеимонас и кратко време демонстрирале.