Судири меѓу демонстранти и полиција во Атина

Од:

Полицијата во Атина синоќа уапси шест лица за време на судирите со демонстрантите, по завршувањето на протестниот марш во знак на поддршка на Никос Романос кој во затвор штрајкува со глад.

Демонстрантите во центарот на Атина запалија автобус и два автомобили, а повеќе возила беа превртени. Тие поставија барикади на неколку улици околу атинскиот Политехнички универзитет, а полицијата употреби солзавец и гранати за зашеметување за да ја растера толпата.

Романос (21) штрајкува со глад од 10 ноември, откако беше одбиен вонредно да слуша предавања на техничкиот универзитет на кој беше примен. Тој во моментов издржува казна затвор за грабеж на банка.

На Романос во штрајкот со глад му се приклучиле уште тројца затвореници, како „минимум знак на солидарност додека не се исполнат неговите барања“, стои во заедничка изјава на затворениците.

И покрај дождот, во маршот учествуваа многу луѓе, меѓу кои и членови на подмладокот на главната опозициска Радикална левичарска коалиција (Сириза) и на Комунистичката партија на Грција (ККЕ). Протестни маршеви за Романос се одржаа и во Солун, Патрас, Јанина и на Крит.

Министерот за надворешни работи и заменик-претседателот на Владата Евангелос Венизелос претходно имаше состанок со државниот министер Димитрис Стаматис, министерот за правда Хараламбос Атанасиу и министерот за образование Андреас Ловердос на кој разговараа за потребата од законска иницијатива за студиите на Романос. Судскиот совет се уште ја разгледува пријавата на Романос за вонредно посетување настава.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит