Судар меѓу автобус и автомобил, меѓу повредените има и осум деца: Тешка сообраќајка во Истра

Од:

Во Истра се случи тешка сообраќајна несреќа во која се повредени 14 лица, меѓу кои и деца. Во несреќата учествувале автобус со полски регистрации и автомобил со пулски регистарски таблички.

Несреќата се случила синоќа околу 22 часот кога 32-годишен возач на автомобил, движејќи се од правец на Новиград кон местото Тара во кривина поради преголема брзина, изгубил контрола и отишол во спротивен правец и удрил директно во автобусот, кој го управувал 58-годишен маж, државјанин на Полска.

Од ударот автомобилот бил исфрлен на тревата, додека автобусот излетал од патот и удрил во метална заштитна ограда, извести истарската полиција.

Во несреќата со повреди се здобиле возачот на автомобилот и автобусот, како и 12 патници во автобусот, од кои осум малолетници, сите полски државјани.

Би можело да ве интересира

Петмина повредени во сообраќајка на патот Битола – Прилеп

Велосипедист загина во Нови Сад, го прегази камион

А1он

Четворица повредени во сообраќајка на патот Скопје-Куманово

Горан Наумовски

Тешка сообраќајка во Сплит, повредени се пет деца

Две сообраќајки во Автокоманда, оштетени се пет возила

Горан Наумовски

Во близина на Битола, „поло“ излета од патот, тешко повреден е возачот