Суд во Призрен осуди косовски Србин на 22 години затвор за воени злосторства

Од:

Суд во Призрен денес го осуди на 22 години затвор косовскиот Србин Дарко Тасиќ, обвинет за воени злосторства врз цивилното население во 1999 година во селото Мала Круша во близина на градот, јавуваат локалните медиуми.

Основниот суд во Призрен го прогласи Тасиќ за виновен за точката од обвинението која го товари за сквернавење на безживотните тела на неидентификувани лица, кои ги изгорел, а потоа ги фрлил во реката Бел Дрим.

Тасиќ е прогласен за виновен и по обвинението дека, како припадник на резервните единици на полицијата на тогашната Сојузна Република Југославија, од 15 до 26 март 1999 година, во соизвршителство со други лица, чиј идентитет не е познат, учествувал во конфискација на имотот, грабежи и незаконско и намерно уништување на имотот на тамошните Албанци.

Во пресудата се наведува дека Тасиќ, кој дотогаш живеел во Мала Круша и бил дел од „селските стражи“ организирани од српските сили, меѓу другото, учествувал во палење на куќите на соселаните, присвојување на трактори и друга земјоделска машинерија од албански семејства и во други дела „кои не се правдаат со воените потреби“.

Судењето на Тасиќ започна пред две години и оттогаш тој се наоѓа во притвор. Тој изјави дека е невин и одлучи да се брани со молчење.

Во времето додека траеше денешната судска седница за објавување на пресудата, пред судот во Призрен се одржа мирен протест на жители од Мала Круша, повеќето членови на семејствата на цивилните жртви од војната во 1999 година. Тие носеа слики на загинатите и транспаренти со барање правда за жртвите и осуда на воените злосторници.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Куче во училиште нападна и повреди деца, го застрела училишниот полицаец

А1он

(ВИДЕО) Инцидент во училиште во Косово: Куче повреди четири деца и полицаец

ВИДЕО: Косовската полиција затвори 35 српски институции

Косовските цариници заплениле стока од Македонија вредна 30.000 евра

И Али Ахмети е во Косово

Катерина Ѓуровски

Курти остро кон Србија: Тоа е паравоена држава, во историјата имаа две и пол години демократија