Стурнарас бара од Лондон информации за Грците кои имаат сметки на Џерси

Од:

Грчкиот министер за финансии Јанис Стурнарас побара од својот британски колега Џорџ Озборн информации за грчките државјани кои имаат банкарски сметки во филијалата на ХСБЦ на островот Џерси кој се смета за даночен рај.

„Дејли телеграф“ пред неколку дена пишуваше дека 97 Грци имаат околу 22,3 милиони евра на своите сметки во банката на островот Џерси.

Според истиот напис, на списокот на клиенти на ХСБЦ се дилери со дрога и лица обвинети за финансиски криминал и други казнени дела.

Новиот список со Грци го открил банкарски службеник и на него има повеќе од 4.500 меѓународни клиенти на банката, од кои повеќето се Британци.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит

Силен земјотрес ја погоди Грција