Строго предупредување кон Анкара за Кипар од страна на Атина и Никозија

Од:

Атина и Никозија се заканија дека ќе ја прекинат договорената процедура за решавање на проблемот со етничката поделеност на островот Кипар, ако Турција се меша во работите на платформите на конзорциумот „Ени-Когас“, кои вршат сондажи за откривање на нафта и гас во реонот на кипарската ексклузивна економска зона.

Предупредувањето доаѓа како одговор на новата провокација од страна на Турција која објави дека ангажирала дел од кипарската економска зона и поконкретно јужно од градот Лимасол, а исто и дел од наоѓалиштето заведено како број девет, каде сондажи врши дотичната компанија.

Заради сериозниот карактер на проблемот, грчкиот премиер Андонис Самарас телефонски разговарал со претседателот на Република Кипар, Никос Анастадијадис, и двајцата ги усогласиле своите следни чекори и реакции.

Според информации од безбедносните структури, турскиот истражувачки брод „Барбарос“ не се движел во морскиот реон на Кипар. Турската страна всушност го засилила своето присуство од денот кога сондата пристигнала на местото каде што ќе се вршат истражувањата.

Кипарскиот владин портпарол беше јасен. Тој рече дека документот „Навекс“, со кој Анкара гарантира за своите истражувачки намери во реонот, „е спротивен на суверените права на Република Кипар, а исто и на правата на конзорциумот Ени-Когас“ и додаде дека „вознемирување на компанијата под каква и да е форма е несоодветно со нормалниот тек на преговорите за решавање на проблемот со поделениот остров“.

Сето ова е на пат да го блокира почетокот на третата фаза од кипарските преговори закажани за 9 октомври, во рамките на кои беше планирана средба на претседателот Никос Анастадијадис со лидерот на кипарските турци, Дервиш Ероглу, во присуство на Еспен Барт Аиде, специјалниот пратеник на генералниот секретар на ОН по проблемот за островот.

Во својот говор на Харвард, американскиот потпретседател Џозеф Бајден исто се заложи за перспективите за решавање на кипарскиот проблем, и по разговорот со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган рече дека ќе се залага за тој проблем повеќе од секој друг во американскиот Конгрес. Според него, Турција сфаќа дека не е во нејзин интерес да држи војски на Кипар и додаде дека Ердоган се конфронтирал со „единствениот слој за кого окупацијата на островот има смисол“.

Џозеф Бајден рече дека ќе се договори со Ердоган да се сретнат во Анкара за да ја разгледаат можноста за наоѓање решение за кипарскиот проблем, откако самиот турски претседател „почна да сфаќа дека и Турција има огромен интерес да искористи од пронаоѓањето на значајните енергетски ресурси во источниот Медитеран“.

Кога нациите веќе немаат интерес да ја одржуваат сосотјбата статус кво и кога има шанси, тие би можеле да бидат искористетни за нештата да се променат, рече американскиот потпретседател.

Катимерини – Атина

Би можело да ве интересира

Познат првиот натпреварувач на Евровизија идната година : Тео Еван ќе го претставува Кипар во Базел

Предраг Петровиќ

Кипар испраќа два авиона за справување со пожарите во Свети Николе и Чашка

Ердоган: Турција е подготвена да изгради воена база на Кипар, доколку е потребно

Ердоган: За Кипар не е можно федерално решение

Претседателот на Кипар: Нема друга опција освен обединување на островот

Инфлуенсер меѓу фаворитите за изборите за ЕУ ​​во Кипар: Никогаш не сум гласал, не знам ништо за ЕУ