Строго доверливо: На Србија фрлени 9,5 тони ураниум

Од:

Американскиот новинар Роберт Парсонс го објави извештајот за кој тврди дека ОН сакаа да го сокријат и да го цензурираат со тоа што извадиле 70 страници со текст за ураниумот кој е фрлен во бомбардирањето на Србија, Косово и Црна Гора. Ураниумот ќе биде уништен за 4, 5 милијарди години, а дотогаш се прогнозира дека ќе има појава на многу канцерогени заболувања од загадувањето кое според авторот се шири и во околните земји.

Шокантниот текст на Сенегалецот Бакари Канте, шеф на мисијата на ОН од 1999 година за стравичните последици од бомбардирањето на Србија никогаш не е објавен. Во мај 1999. година извештајот за еколошките последици од бомбардирањето бил сокриен од јавноста.

Делови од извештајот излегле во јавноста благодарејќи на американскиот новинар Парсонс кој сведочи дека во кацелариите на ОН ги цензурирале и „фризирале“ извештаите за здравствените последици од употребата на ураниумските бомби на Балканот.

Уште во 1999. година шефот на мисијата на ОН, Бакари Канте бил во СР Југославија и напишал дека се случува еколошки ужас-атмосферата и земјата во бивша СРЈ според неговиот извештај биле трајно загадени со отровни материи.поради бомбардирањето на индустриско – хемијските комплекси и поради употребата на оружје са осиромашен ураниум. Извештајот е категоричан во оценката дека идните генерации кои живеат на бомбрадираното тло ќе патат од канцерогени заболувања.

Во осмото поглавје од неговиот извештај пишува

„При употребата на оружје со осиромашен ураниум се создава ураниумски оксид како и реактивните гасови радиум и радон. Оксидните честички кои се со ширина од 0, 5 до 5 микрони, ветерот може да ги разнесе на оддалеченост од повеќе стотина километри. Со оглед дека во регионот на Југославија претежно дуваат севернозападни ветрови, тоа практично значи дека загадувањето од Југославије се шири кон Унгарија, Германија, Хрватска, Босна, Албанија, Македонија и Грција“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Косовската полиција затвори 35 српски институции

Верма: Санкциите се насочени кон Русија, а не кон Србија

Америка воведе санкции за српската нафтена индустрија

Убиство во Инџија, уапсени се три лица, по четвртиот се трага

Горан Наумовски

Српската влада формираше тимови за преговори со Русија за долгорочен план за снабдување со гас

Катерина Ѓуровски

Српскиот премиер се закани на професорите: Сите што одбиваат да предаваат повеќе нема да работат во образованието