Страшен случај на семејно насилство во Белград: жена брутално претепана, невенчаниот сопруг ја чувал ќерката заклучена со години во станот

Од:

Случајот со семејно насилство на Звездара во Белград ја згрози јавноста. 45-годишната Ивана Л. дошла во полициската станица Палилула да пријави семејно насилство, а во полиција открила дека нејзиниот невенчан сопруг 38-годишниот Урош П., кој е во бегство и се бара, ја држел заклучена во станот ќерката, која е на 8-годишна возраст.

Според последните неофицијални информации, соседите со години го пријавуваат мачењето на детето, а полициски патроли претходно по пријави излегле на местото на настанот, но не упаднале во станот на Звездара. Две полицајки подигнале налог и во соработка со обвинителството упаднале во станот и нашле грозоморна сцена.

„Девојчето лежеше во када и умираше. Изгледаше како дете од Етиопија. Не знаеше ни да зборува, се верува дека никогаш не била надвор”, рекол извор запознаен со истрагата, пренесуваат српските медиуми.

Наводно, таткото и мајката на девојчето, како и сегашната вонбрачна партнерка на таткото која го пријавила за насилство, Ивана Л. се наркомани. Наводно, мајката на девојчето претходно ја убила сопствената мајка, а по пресудата била на лекување во психијатриска установа. Таткото Урош П. по пресудата против нејзината мајка доби старателство над неа, известуваат медиумите од Србија.

„Слушнавме полиција и брза помош и видов дете во розова јакна како го изнесува полицајка. Никогаш не сум го видел тоа несреќно дете. Ми изгледаше како бебе бидејќи беше толку мало и неухрането”, велат соседи од соседната зграда.

Очевидци тврдат дека девојчето едвај било изведено живо. Таткото наводно со години го чувал детето во кадата во станот.

„Претходно пријавувавме насилство затоа што слушавме лелекање, но полицијата рече дека нема налог, додека тие две жени не дојдоа и не го спасија детето“, вели соседот.

Во станот има отпад од храна за носење, ѓубре низ целата соба и во кадата каде наводно било детето. Според соседите, станува збор за маж со кој никој не се дружел, а пред три години бил пријавен за насилство врз девојката која била со него во станот. Како што се дознава, мајката на девојчето била обвинета за убиство на нејзината мајка, поради што таа со години била во специјална институција и оттогаш никој не ја видел. Ова убиство на мајката се случило кога девојчето имало 3 години.

Би можело да ве интересира

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски

Османи: Македонија е коспонзор на Резолуцијата за Сребреница, важно е Србија да гласа дека имало геноцид

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов