Страотни бројки во Албанија: Првпат над 600 новозаразени со Ковид-19 во едно деноноќие

Од:

Во последното деноноќие за првпат во Албанија регистрирани се над 600 заразени со Ковид-19 во едно деноноќие.

-Продолжува неповолниот тренд на заразени со Ковид-19. Во последните 24 часа од тестираните 2.241сомнителни случаи, вирусот е дијагностициран кај 602 лица, што е највисока бројка досега. Во исто време забележана е и рекордна бројка на оздравени или 564, додка починаа осум лица во болнички услови, информираше Министертвото за здравство и социјална заштита.

Зголемен е и бројот на хоспитализирани лица. Во трите ковид болници се лекуваат 406 пациенти од активните 14.348 случаи.

Од почетокот на панедмијата направени се 157.891 тестови, позитивени на вирусот биле 28.432, оздравеле 13.453 а починале 631 лице.

Во меѓувреме министерката за здравство и социјална заштита Огерта Манастирлиу информираше дека аплицирале за набавка на вакцината против Ковид-19 преку Ковакс механизмот.

Според неа, ќе бидат набавени 1.140.000 вакцини за што издвоени се средства во износ од 3,9 милиони евра.

Би можело да ве интересира

Албанија – прва земја од Балканот која го забранува ТикТок

А1он

Мицкоски: Граѓаните да не наседнуваат на провокации, упатувам порака за единство и смиреност

Во Албанија уапсен е водач на картел по запленувањето на 703 килограми хероин

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици